„Овие песни ја комплетираат приказната на албумот, ви благодарам што бевте на ова патување со мене“, рече музичарот кој ќе настапи на фестивалот EXIT.
Британската поп ѕвезда Џејмс Артур го објави луксузното издание на неговиот последен албум „It’ll All Make Sense In The End“. Оригиналното издание беше објавено во ноември минатата година со дури 14 песни, а сега на публиката и носи уште шест сосема нови песни: „Losing you“, „Lose my mind“, „Nothing in the way of us“, „Religion“, „Be the One“ и „New blood“.
На својот профил на Инстаграм, Артур ја објави насловната страница на албумот, во која се гледа себеси како дете, со краток опис на благодарност: „Еве не, тука е луксузната верзија на албумот „It’s All Make Sense In The End“. Овие песни ја комплетираат приказната на албумот, ви благодарам што бевте на ова патување со мене. Немаше да има луксузна верзија да не бевте вие и љубовта што ја дадовте на оригиналната верзија“.
А имаше многу љубов за првата верзија на албумот. Само еден пример е рецензијата на списанието GSGM: „Албумот со 14 песни на Џејмс покажува талент што тече низ неговите вени“ и „Неговите чувства се реални, а неговите искрени текстови се впечатливи“.
„It’ll All Make Sense In the End“ жанровски комбинира потешки, гитарски звуци со суровиот и силен глас на Артур, а потоа се втурнува во електро и поп. Овој албум доживеа голем успех и стигна до третото место на топ листите во Велика Британија.
Артур ги напишал стиховите за првата верзија на албумот за време на изолација, во моменти на интроспекција и враќање на себе и на своето детство. Од друга страна, песните кои се дел од делукс верзијата се поглед на неговото музичко искуство и почетоци. Џејмс ги носи сите на овогодинешниот фестивал EXIT и Петроварадинската тврдина, со неизбежната „Impossible“.