„На крај завршивме со големи сини жени, а не со мали зелени мажи“
Џејмс Камерон за време на едно неодамнешно интервју ја откри причината поради која направил Аватарите во истоимениот филм да бидат сини.
Тој објасни дека е важно Аватарите да имаат силно чувство за „да се биде поинаков“, бидејќи бојата на кожата е „толку голем проблем на нашата планета“.
Режисерот објасни дека сите други бои на кожата се веќе присутни овде на Земјата, а во времето на првиот филм во 2009 година, зелената беше клише кога станува збор за вонземјаните.
– На крајот добивме големи сини жени, а не мали зелени мажи – изјави Камерон.