Џим Кери се повлекува од актерството – обвинувања за малтретирање малолетничка „фрчат“ на мрежите

popara1 април, 20221min00
Screenshot_4

Актерот Џим Кери неодамна објави дека се повлекува од актерството, а како главна причина ја наведе желбата за мирен живот.

 

Сепак, тоа што привлече повеќе внимание изминативе денови е незадоволството на корисниците на социјалните мрежи како последица на осудувањето на Кери на шлаканицата која Вил Смит му ја упати на Крис Рок на Оскарите, со оглед на тоа што Кери е познат по своите испади, а еден од нив се смета и за сексуално вознемирување на малолетничка.

 

Цел свет со денови зборува за шлаканицата која Вил Смит на 94-то доделување на Оскарите му ја упати на неговиот колега. Многу од славните личности се огласија по тој повод, а еден од нив беше и Џим Кери:

 

„Немам ништо против Вил Смит. Направи голема работа. Но, тоа не беше добар момент. Тој стави дамка на сечиј прекрасен момент“, изјави Кери.

 

При интервјуто со водителката Гејл Кинг и нејзиното прашање за тоа дали комичарот е во право што не поднесе тужба против Вил, Кери одговори: „Уште утрово би објавил дека го тужам Вил за 200 милиони долари затоа што таа снимка ќе биде тука засекогаш“.

Нервозни поради таа реакција, многу од „фановите“ за кратко време ја потсетија јавноста на сексуалното вознемирување на тогаш 19-годишното девојче, славната актерка Алиша Силверстоун која по законите на Америка сè уште не беше полнолетна во 1997 година на доделувањето на „MTV“ наградите.

 

Поточно, Кери насилно ја бакнал Алиша во уста иако тогаш младата актерка со сите сили се спротивставила, а потоа се обидел истата работа да му ја направи, замислите на кого?

 

Па, токму на Вил Смит.

За првиот бакнеж кој на никого не му бил пријатен за гледање, Кери никогаш не одговарал.

 

Да ве потсетиме, актерот денеска најави дека планира да се повлече од актерството, поточно планира да се пензионира.

 

„Па, јас се повлеккувам. Прилично сум сериозен. Направив доволно. Единствено доколку ангелите донесат некое сценарио кое е напишано со златно мастило и кое ми вели дека ќе биде значајно луѓето да го видат, можеби ќе продолжам по патот на актерството, но сега правам пауза“, изјавил актерот.

 

Џим Кери има полни 60 години и по сопствено мислење направил доволно во својата кариера.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma