Џиџи Хадид се извини за хаосот што го предизвика нејзиниот коментар под последната фотографија на Ријана на Инстаграм.
Откако 33-годишната пејачка го покажа трудничкото стомаче, манекенката под фотографијата напиша: „Три ангели“.
Со тоа ги започна гласините дека Ријана очекува близнаци.
Три дена подоцна, Џиџи мораше да објасни дека мислела на бебето, Ријана и нејзиниот емотивен партнер.
„Веста за оваа конфузија штотуку стигна до мене“, напиша таа под првиот коментар.
Тие две досега соработувале неколку пати, а се чини дека во меѓувреме станале добри пријателки.