Парот се запозна во 2016 година на снимањето на шоуто „Top Gear“
Актерот Мет Лебланк, кој се прослави со улогата на Џои во серијата „Пријатели“, по четири години брак се разведе од сопругата и продуцентка Аурора Малиган.
Дејли Мејл тврди дека парот се развел во 2020 година, но информациите за тоа се познати дури сега.
– Нивната врска го достигна својот врв. Готово е. Голема штета е и Мет веста ја прими многу тешко, како и секој – рекол извор близок до парот.
Проблем била разликата во години бидејќи Аурора е 17 години помлада, но и раздвоеноста бидејќи живее во Англија додека Мет е во Лос Анџелес.
Двојката се запозна во 2016 година на снимањето на емисијата „Top Gear“ на Би-Би-Си каде Мет стана водител, а таа работеше како продуцент.
Инаку, актерот последниве месеци е честа тема на медиумите поради многу запоставениот изглед.