Џони Деп и Ријана на мета на критики од страна на обожавателите! Актерот се прошета на ревијата на пејачката, па настана хаос!

popara11 ноември, 20221min00
Screenshot_5

Актерот Џони Деп (59) се појави на четвртата ревија на Ријана наречена „Savage X Fenty“, а некои од обожавателите на пејачката не беа среќни поради тоа.

 

 

 

Шоуто беше премиерно прикажано во вторникот, а Деп се појави само една минута, облечен во свилени пижами заедно со ланчињата со неговиот потпис. На видеото, Џони може да се види во темна шума како оди кон камерата додека во позадина танчери изведуваат танцова рутина. Можеше да се забележи и дека има брада која е карактеристична за него, а која неодамна ја избричи и стана непрепознатлив за фановите.

 

Сепак, таа минута во која се појави беше доволна актерот, но и Ријана, да бидат мета на коментари со омраза.

 

Имено, на некои не им било јасно зошто Ријана во своето шоу вклучила актер кој, како што велат, по судењето на него и на неговата поранешна сопруга Амбер Херд (36) бил „прегрнат како херој од мизогинистите“.

 

Да потсетиме дека Деп неодамна започна романтична врска со адвокатката Џоел Рик, кој го застапуваше за време на судењето со неговата поранешна сопруга. Се шушка и како на таа љубов и дојде крајот, но ниту актерот ниту адвокатот не го потврдија тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma