За време на судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Џони Деп откри бројни детали од неговиот живот, меѓу кои и како станал актер. Како што изјави за време на презентацијата, му помогнал пријател, познатиот актер Николас Кејџ.
-Случајно станав актер. Бев музичар и се преселив во Лос Анџелес со мојот бенд кога имав 20 години. Некои работи се случија и бендот се распадна. Се сеќавам кога пополнував апликации за каква било работа, само за да можам да ја платам киријата за станот и сметките, а мојот пријател кој беше актер, а во тоа време и помалку познат, Николас Кејџ, ми рече: „Зошто не го запознаеш мојот агент, бидејќи мислам дека си актер. Можеш да бидеш актер“. Му реков, „Слушај, ќе запознаам кој било и ќе направам што било во моментов“. – рече Џони и продолжи:
– Тој (Кејџ) ме испрати кај неговата агентка Ајлин Фелдман и ја запознав. Таа ме испрати кај директорката на кастингот Анет Бенсон, која го направи кастингот за филмот „A Nightmare on Elm Street“. Му ја прочитав мојата улога на режисерот Вес Крејвен и некако ја добив улогата, но во никој случај не бев актер – изјави Џони Деп и продолжи:
– Никогаш немав желба да станам актер, бев музичар, но факт беше дека овие луѓе ќе ме платат за нешто што мислев дека е луда сума на пари. Тоа беше минимум 1284 долари неделно, сума на пари каква што тогаш не сум видел во мојот живот – изјави Џони Деп и додаде:
– Снимав и други глупави филмови, затоа што сè уште бев музичар во мојата глава и тоа беше начинот на кој се плаќа киријата за станот, за плаќање сметки, за живот. И тогаш одеднаш се најдов на тој пат, ме ставија на тој пат како актер. А потоа една работа доведе до друга, филм по филм, а потоа добив улога во серијата „21 Jump Street“ кога имав 22 години, мислам – изјави Деп.
Погледнете го видеото: