10 правила на сите диети кои носат резултати

popara9 јули, 20221min00
62338230-smoothie

Многу диети се крајно исцрпувачки, а доколку успеете да ги завршите, по неколку месеци килограмите повторно се враќаат. За да го избегнете ова, ви пренесуваме десет правила за исхрана кои ги советуваат сите здрави и ефективни диети.

  1. Слабејте полека

Сите нутриционисти ќе се сложат дека добра и квалитетна диета е онаа со која не губите повеќе од еден килограм неделно. Ако во тој период ослабете повеќе од килограм, тоа значи дека покрај вода и сало сте изгубиле и мускулно ткиво, што секако не е во ваш интерес.

  1. Исфрлете го шеќерот, а не мастите

Современите нутриционисти советуваат намалување на внесот на шеќер, но тоа не мора да важи за мастите. Имено, вишокот шеќер што го добиваме од храната како тестото и лебот се депонира како маснотии. Но, урамнотежениот внес на масти ќе придонесе за чувството на ситост и е многу неопходен за доброто здравје.

Доколку во вашата исхрана недостасуваат масти, ќе се чувствувате уморни, гладни и нерасположени, а и нема да имате успех со намалување на килограмите.

  1. Секогаш појадувајте

Квалитетниот појадок е најдобриот начин да го започнете денот. Секоја добра диета вклучува појадок кој содржи квалитетни протеини, добри масти и здрави јаглехидрати.

Ако немате идеја што да јадете наутро, пробајте јајца на леб од семки или овесна каша со бобинки и сечкани семки по желба.

Секоја добра диета вклучува појадок кој содржи квалитетни протеини, добри масти и здрави јаглехидрати.

  1. Јадете редовно

Сите успешни диети промовираат редовни, планирани оброци и закуски во текот на денот. Можете да имате пет или шест оброци дневно, но важно е тие да бидат здрави, лесни и избалансирани.

  1. Променете го вашиот животен стил

Ефективните решенија за слабеење вклучуваат промена на навиките на животниот стил и не содржат револуционерни хемиски препарати или магични прашоци кои незапирливо ги топат мастите. Затоа, не наседнувајте на сензационализам и бидете подготвени за промени доколку сакате да ги изгубите несаканите килограми.

  1. Не заборавајте на протеините

Клучот за слабеење лежи во пониските нивоа на шеќер во крвта. Истото ќе го постигнете со редовно внесување на протеини, имајќи предвид дека тие го држат шеќерот во крвта под контрола.

  1. Рамнотежа во исхраната

Постојат многу диети кои се засноваат на конзумирање само на еден вид храна, што нужно доведува до нерамнотежа во организмот. Најдобрите диети содржат секаков вид на храна и не препорачуваат да јадете само една „волшебна“ намирница или да ги исфрлите сите непожелни од вашите редовни оброци.
Zdrav obrok

  1. Не броете калории

Науката и праксата потврдија дека броењето калории едноставно не придонесува за квалитетна контрола на тежината. Јадењето колаче без маснотии со кафе и млеко може подолгорочно да му наштети на процесот на слабеење отколку пржените јајца со сланина и шолја билен чај.

Затоа, не потпирајте се само на броењето калории бидејќи тоа може да ве одведе на погрешен пат.

  1. Задолжителна физичка активност

Добро осмислената диета дефинитивно ќе го нагласи зголемувањето на физичката активност. Без неа, нема здраво или висококвалитетно слабеење.

  1. Избегнувајте готова храна

Никогаш не консумирајте храна која е подложена на фабричка обработка. Обично содржи хемиски адитиви кои не би сакале да ги внесете во вашето тело. Ако не можете да направите храна дома, тоа значи дека не треба да ја јадете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma