2 трика ѝ се доволни за да изгледа СОВРШЕНО: Кејт Мидлтон покажа како се носи ТЕГЕТ ОБЛЕКА која ја издолжува фигурата

popara12 мај, 20221min00
338455_kejtmidlton05_ff

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам го посетија Глазгов и привлекоа големо внимание, па сите сакаа да се сликаат со нив и да бидат во нивно друштво.

Покрај гестот на кралското семејство, внимание на оваа хуманитарна мисла привлече и изгледот на Кејт Мидлтон, која избра да носи темни парчиња кои одлично и прилегаат.

Таа одлучи да облече длабоки панталони кои ги издолжуваат нозете на секоја жена која се држи до овој крој на облека. Заедно со нив, таа реши да искомбинира и морнарска тегет ролка Cefinn Riley Funnel, која имаше интересен преклоп во средината, но беше и многу интересен материјал, па остави впечаток дека кошулата е стуткана. За да ја носите оваа блуза потребно е да одвоите околу 150 евра за да си ја дозволите.

Големо внимание привлече и нејзиниот капут, кој треба да ја истакне нејзината софистицираност поради кројот, но и да ја издолжи фигурата, па војвотката изгледаше многу повисока со својата комбинација.

За комплетирање на целиот аутфит, може да се види дека Кејт се одлучила за прстен Гарард со темносин кристал, кој имал сребрени детали. Имаше и обетки Annushka со бели бисери кои го заокружија целиот нејзин изглед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma