Човекот кој го застрела шетачот на кучињата на Лејди Гага и ги киднапира нејзините две миленика во февруари 2021 година, е осуден на 21 година затвор за „ладнокрвен и насилен напад“.
Џејмс Хауард Џексон е еден од тројцата мажи кои учествуваа во нападот во февруари 2021 година. Фишер беше тешко ранет во градите, а по пукањето напаѓачите ги киднапирале двете кучиња на Гага.
Џексон пред судот изјавил дека не оспорува ниту едно од обвиненијата за обид за убиство, соопшти вчера Окружното обвинителство во Лос Анџелес. „Денеска беше постигната спогодба во случајот против Џејмс Хауард Џексон“, изјави портпаролот на обвинителството.
„Г-дин Џексон рече дека не оспорува ниту една точка од обвинението за обид за убиство и го призна обвинението за нанесување тешка телесна повреда. Тој е осуден на 21 година затвор“, рече тој.
„Џексон одговара за извршување на ладнокрвен чин на насилство, што значи правда за нашата жртва. Окружното обвинителство е посветено да одговара секој што ќе изврши акти на насилство во нашата заедница“.
По административната грешка, Џексон беше ослободен од притвор на 6 април 2022 година, но повторно бил уапсен во август. Обвинителството соопшти дека учесникот во инцидентот, Харолд Вајт, вчера изјавил дека не го оспорува обвинението кое го обвинува за поседување оружје, поради што следната година ќе биде осуден.
Полицијата претходно соопшти дека врската со Лејди Гага била случајна, а мотивот за грабежот била вредноста на француските булдози, раса вредна неколку илјади долари. Гага еднаш понудила награда од 500.000 долари на тој што ќе ѝ ги врати миленичињата.
Неповредените киднапирани булдози беа предадени на полициската станица во Лос Анџелес неколку дена по инцидентот од Џенифер Мекбриџ, која исто така е обвинета за учество во злосторството.