Од дното кон врвот ве водат 2768 скалила кои се направени под таков агол – во просек од 23 степени до дури 36 степени – што дури и врвните спортисти мораат да застанат и да се одморат пред да се искачат до врвот.
Војниците, олимпијците и многу други физички способни поединци ја имаат оваа стаза на нивната листа со желби. Ова не е изненадувачки со оглед на тоа што „Manitou Springs Incline“ е една од најпредизвикувачките и најнеобичните патеки за пешачење во Америка.
Долга е само 1,4 километри, но се издига 613 метри во височина на источната падина на Карпестите планини над Маниту Спрингс во американската држава Колорадо. Истовремено, треба да знаете дека подножјето на патеката е на висина од околу 2000 метри.
Од дното кон врвот ве водат 2768 скалила кои се направени на таков агол – во просек од 23 степени до дури 36 степени – што дури и врвните спортисти мораат да застанат и да се одморат пред да се искачат до врвот.
Најбрзото искачување до врвот на оваа екстремна патека било 16 минути и 42 секунди, но во просек на луѓето им требаат еден до три часа за да се искачат до целта.
Кога ќе се качите можете да уживате во прекрасен поглед на околината, а потоа да се спуштите по патеката Бар, долга околу 4,5 километри и понежна за зглобовите. Не се препорачува враќање на ист начин или по скали.
Во 1907 година, на местото на Маниту Спрингс Инклајн била изградена жичница, која служела за полесен пристап до врвот, транспорт на тешки материјали и пристап до резервоари за вода кои ги снабдувале околните градови. Во 1990 година, лизгање на земјиштето уништило дел од пругата, шините биле отстранети, а под нив останале необичните скали кои денес привлекуваат голем број спортски ентузијасти.
Качувањето е потполно бесплатно, но поради пандемијата на корона вирусот, сепак потребно е да го најавите вашето пристигнување, односно да резервирате време преку официјалната веб-страница.