3 намирници кои најдобро го „лечат“ мамурлакот: Како да се освежите после дочекот?

popara1 јануари, 20221min00
shutterstock1073106068-830x0

По новогодишната ноќ и најлудата ноќ, многумина се будат мамурно, со интензивни главоболки и стомачни болки поради премногу алкохол во организмот.

Една од најлошите последици од пијанството е дехидрацијата и тоа е причината поради која имаме вртоглавици и главоболки по бурната ноќ.

За среќа, мајката природа и овојпат се погрижи да го ублажи мамурлакот.

За третман на мамурлак, најдобро е да се консумира одреден вид на храна што ќе предизвика детоксикација.

И секако, покрај конзумирањето на овие намирници, многу е важно да пиете многу течности.

1. Банани

Калиумот и магнезиумот се минерали кои алкохолот алармантно ги загрозува во организмот. Затоа, бананите, богати со овие минерали, се одличен начин за нивно обновување. Бананата помага и за смирување на желудникот и го намалува чувството на надуеност.

2. Овесна каша

Еден сад со топла овесна каша ни дава основни хранливи материи како што се калциум, магнезиум и железо.

Одредени алкохолни пијалоци можат да предизвикаат премногу киселина во телото, а токму тоа ќе го поправи овесот.

3. Ѓумбир

Ѓумбирот помага при мачнини и стомачни проблеми предизвикани од алкохол. Најдобро е да го консумирате во природна форма, но доколку вкусот ви е прејак, можете да го изрендате во топла вода или овошен сок.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma