3 намирници кои ќе ви помогнат да поцрнете: Со јадење на овие намирници побрзо ќе поцрнете (ФОТО)

popara9 јули, 20221min00
9b7a0c02571ad990da84d65a7aeb65645ae53e96

Погледнете што треба да вклучите во исхраната за што побрзо да добиете темен тен

Летото веќе започна, а со тоа и сезоната на исончана кожа. Сите имаме впечаток дека изгледаме подобро ако сме исончани. Гардеробата може подобро да стои, изгледаме послаби и се чувствуваме подобро во сопствената кожа. Некои луѓе поминуваат многу време на сонце, обидувајќи се да го искористат секој зрак за да добијат што повеќе тен. Покрај тоа што ќе мачкате производи кои го привлекуваат сонцето, обидете се да го подготвите вашето тело одвнатре. Јадењето на овие намирници ќе ви помогне во тоа.

Моркови

Веројатно веќе знаевте за нив. Морковите се најефективната храна која помага при потемнувањето. Полни се со бета-каротен кој е одличен за тенот и и помага на кожата да добие убава летна нијанса. Многу препарати кои се користат за забрзување на потемнувањето на кожата ја содржат оваа состојка, но секогаш е подобро да ја добиете по природен пат. Колку повеќе моркови внесувате, толку повеќе ќе се исончате. Од овој зеленчук можете да направите сок и да го пиете пред да излезете на сонце или додека се сончате.

Јајца

Јајцата се богати со калциум, селен, витамини А, Б и Д, што ги прави исклучително здрави за целиот организам. Овие состојки го задржуваат бета-каротенот во системот, што значи дека вашиот тен нема брзо да избледи откако ќе се вратите од одмор.

Кељ

Содржи многу хранливи својства. Овој зеленчук е богат и со бета-каротен. Јадењето кељ во летните месеци ќе го направи вашиот тен блескав и бронзен. Најдобро би било да го јадете во комбинација со моркови, за што побрзо да ги постигнете посакуваните резултати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma