Ова цитрусно овошје има широк спектар на намени
Освен што се важни за здравјето поради изобилството со витамин Ц, лимоните се одлично природно решение за чистење на домот. Затоа кога купувате секогаш можете да купите уште еден, дефинитивно ќе ви затреба.
Еве три начини на кои можете да го користите овој цитрус.
- Исчистете ја даската за сечење
Користиме даски за сечење, без разлика дали се дрвени или пластични, секој ден за сечкање на широк спектар на храна. Затоа понекогаш е тешко да се исчистат дамките од нив, но и да се неутрализираат разните мириси.
Во тој случај лимонот е вистинското решение. Пресечете го на половина и исцедете го сокот на даската. Тријте со сок од половина лимон, па оставете го да отстои 20 минути. Киселината ќе делува на дамките, оставајќи свежа, чиста даска за сечење. Потоа е доволно само да ја измиете и исушите.
- Алтернатива за белеење на алиштата
Белилото е безбеден начин за освежување на белите алишта и крпи, но често може да го скрати животниот век на ткаенините. Затоа лимонот како природно средство е одлично решение.
Треба да ја ставите чистата облека во тенџере со вода во кое се исечени неколку кришки лимон, па сè да се вари неколку минути. Исплакнете и исушете како и обично.
- Направете пластичните садови да блеснат
Пластичните садови се исклучително практични за пакување оброци кои ќе ги однесете на работа или на патување, но се и одлично решение за чување на остатоците. Меѓутоа, со текот на времето тие го губат сјајот и на нив се таложат дамки, кои најдобро се чистат со природно средство како што е лимонот.
Доволно е да ги истриете садовите со половина исечен лимон и лимонската киселина ќе ги неутрализира дамките по околу 30 минути. Доколку сте во можност, можете да ги извадите садовите со лимони на сонце и да ги измиете со вода откако лимонот ќе делува, пишува „Redsimple.com“.