Ако се обидувате да ја подобрите исхраната, сигурно веќе знаете дека многу фалената куркума може да го опорави целото тело.
Таа е водечка билка во ајурведската медицина со векови и претставува многу повеќе од ароматичен зачин. Чудесниот корен кој ни го дала природата се користи за детоксикација, зајакнување на имунитетот, содржи витамини и минерали, ја чисти крвта и има антивоспалителни својства.
Исто така, според истражувањата, куркумата позитивно влијае на општата рамнотежа во организмот, позитивно влијае на менталното здравје и го подобрува здравјето на цревата. Кај нас куркумата најчесто се користи во прашкаста форма како додаток во јадењата, но многумина ја користат во рецептот за златно млеко и за подготовка на лековити тинктури.
Ви откриваме уште 3 одлични и едноставни начини на кои можете да ја користите куркумата во вашата исхрана:
1. Пијалок од куркума
Измешајте сок од половина лимон, 1/4 лажичка куркума во прав, прстофат морска сол и 350 ml вода. Измешајте сè и консумирајте пред јадење.
2. Супа од куркума
Додадете 1 рамна лажичка куркума на 1 литар органска супа од зеленчук. Гответе околу 15 минути, а потоа додадете малку црн пипер и магдонос. Послужете и уживајте во интензивниот вкус на полно здравје.
3. Смути од куркума
Во блендер истурете 2 лажици кокосови снегулки, замрзнато манго или ананас (1 и пол шолја), половина шолја бадемово или кокосово млеко, 1 лажичка куркума во прав, 1 лажичка чиа семе и прстофат црн пипер. Измешајте ги сите состојки додека не добиете соединета смеса и уживајте во сладок пијалок полн со хранливи материи.
Покрај овие рецепти, можете да направите добро познат лек од куркума и мед што се зема секое утро како природен антибиотик. Куркумата не е само магичен прав за здравје, туку и за убавина, па можете да го користите според традиционални индиски рецепти за да направите маска за коса, маска за лице и пилинг.