3 најефикасни начини да го решите проблемот со воспалените синуси: Се што ви треба се состојки кои веќе ги имате во кујната

popara7 декември, 20221min00
350454_sinusi-shutterstock-2107208783_ff

Синузитисот обично не предизвикува дополнителни компликации, а бидејќи причината е обично вирусна или бактериска инфекција, доколку побарате лекарска помош, голема е веројатноста дека ќе добиете антибиотска терапија.

Доколку сакате да го избегнете ова, а сепак да го решите проблемот со главоболката и притисокот во горниот дел од лицето, како и течење на носот или затнат нос и отежнато дишење, треба да направите една од следниве работи.

Инхалација со босилек, рузмарин или нане

Во тенџере ставете вода и зовријте ја заедно со билките. Потоа истурете го чајот, ставете уште малку билки за чајот да биде појак. Кога малку ќе се олади, ставете крпа над главата и тенџерето и полека вдишете ја пареата што испарува од тенџерето.

Повторете го процесот 2,3 пати во текот на денот и ќе забележите олеснување. Овој тип на инхалација ги отвора дишните патишта и поттикнува исфрлање на секретите.

Морска сол против воспаление на синусите

Растворите со морска сол се користат превентивно или за исфрлање на секретот. Тие обично се прскаат во носот. Можете да ги најдете во аптеките, а исто така можете да измешате 500 ml чиста вода, ¼ лажичка сол и ¼ лажичка сода бикарбона, истурете ја течноста во шише и испрскајте го растворот во двете ноздри два или три пати на ден.

Лимон – рецепт за чистење на синусите

Лимонот ја ублажува болката предизвикана од отекување на синусите и го зајакнува имунолошкиот систем, што ја олеснува борбата против инфекцијата. Еден од рецептите за чистење на синусите вели да додадете еден исечкан лимон, 2 чешниња, половина лажичка цимет и 2 лажички шеќер на половина литар вода – сè треба да зоврие, а по неколку минути, процедете го и консумирајте го како сируп. Исто така, сите овошја и зеленчуци богати со витамин Ц се добра опција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma