3 правила со чија помош ќе изберете спортски градник кој навистина ви одговара

popara26 мај, 20221min00
young-beautiful-sportive-girl-training-sunrise-seaside-830x0

Пролет и сончево време веќе пристигнаа, а дамите во овој период обично почнуваат да тренираат со цел до лето да ја доведат својата линија до совршенство.

Покрај одвоеното време, грст волја и труд, потребна е и соодветна спортска опрема за вежбање. Исто така, важно е да носите модел на градник кој е совршен за вас и вашето тело кога вежбате.

Дали некогаш сте се запрашале што да барате кога купувате спортски градник? За следниот пат да не тргнете неподготвени за пазарење и вежбање во градник кој не ви одговара, погледнете ги советите и ставете крај на немилосрдната потрага по совршениот модел.

1. Соодветен материјал

Во повеќето случаи, најдобро е да изберете памук, кој „дише“ и не ја иритира кожата. Сепак, има и еден недостаток кога станува збор за овој материјал, а тоа е што памукот ја впива потта. Затоа функционалните материјали стануваат сè попопуларни во последниве години. Сепак, треба да се најде компромис, особено ако имате поголеми гради – материјалите кои обезбедуваат добра дренажа на потта сепак нудат помала поддршка за време на вежбањето.

2. Положбата на градите е многу важна

Ако спортскиот градник не може да ја одржува рамнотежата на вашите гради, тоа може да влијае на вашиот центар за рамнотежа.

Болката во грбот и вратот најчесто се јавува затоа што кај повеќето градници тежиштето е поставено напред, што доведува до искривување на ‘рбетот. Доколку вашите гради не се убаво подигнати и ја немаат потребната положба, тоа може да доведе до нарушување на рамнотежата на целото тело, што е исклучително важно за жените кои професионално се занимаваат со спорт, за да имаат слобода на движење.

3. Вистинската големина

Најважно е градникот да ви одговара. За почеток, можете да купите спортски градник со големина на класичен градник. Кога го користите, ставете го прстот под лентата што е под градите и тргнете го подалеку од телото. Ако се движи повеќе од два сантиметри, тогаш веројатно ќе ви биде голем. Ако притисокот на градите е преголем или не можете да дишете длабоко, вашиот градник е дефинитивно мал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma