Љубовта е голема загатка, особено кога емотивната врска е на почеток и не сме сигурни дали сме го направиле вистинскиот избор
Речиси сите сакаме да ја најдеме вистинската, личноста која ни е сродна душа и со која сакаме да го поминеме целиот живот. Проблемот е што на некои луѓе им е многу тешко да најдат личност за која знаат дека е вистинската и најдобрата за нив.
Кортни Емпеј (27) не била сигурна дали треба да се врати со бившиот партнер, па разговарала со медицинска сестра која и дала неколку важни совети, кои се сведуваат на три клучни прашања.
Како што вели, кога ќе дадете одговор на нив, ќе знаете дали партнерот со кој сте во врска е идеален за вас.
Ова се прашањата:
- Дали би биле среќни ако таа личност е ваше дете?
- Како би се чувствувале ако таа личност излегува со вашето дете?
- Како би се чувствувале ако таа личност е мајка/татко на вашето дете?
Овие прашања ги отстрануваат емоциите од одлуката и ве принудуваат да размислите дали личноста што ви се допаѓа ги исполнува вашите стандарди. Тогаш треба да бидете искрени со себе и искрено да одговорите на нив.
Откако си ги поставила овие прашања, Кортни решила да се врати со бившиот.
– Сфатив дека сакам некој пристоен и храбар, бидејќи тоа би го посакал за моето дете. Се согласив да се обидам повторно со него, но да не брзаме никаде – рекла Кортни и додала:
– Многумина ми признаа дека ова им помогнало да раскинат со некого или да сфатат дека оваа личност е соодветна за нив. Мислам дека е одличен начин да се процени дали сакате да бидете со некого.