Тиквата е идеална и незаменлива есенска храна, богата со важни состојки, вкусна, а воедно и нискокалорична. Каротеноидите се одговорни за портокаловата боја на оваа храна, но и за многуте корисни својства на тиквата.
Меѓу нив се алфа-каротен и бета-каротин, познати и како провитамини на витамин А, бидејќи тие можат да се претворат во активна форма на витамин А.
Тиквата навистина содржи бројни придобивки за нашето здравје, а ние за вас го одбравме следново:
1. Позитивно делува на имунитетот
Големото количество на витамин А што го содржи тиквата му помага на телото полесно да се бори против инфекции, вируси и заразни болести. Маслото од семки од тиква помага во борбата против разни бактериски и габични инфекции. Покрај тоа, една порција тиква содржи 20 проценти од препорачаната дневна количина на витамин Ц, кој помага во борбата против вирусите и настинките.
2. Идеална за убава и негувана кожа
Бета-каротенот во кожата на тиквата помага во заштитата од сончевите УВ зраци кои предизвикуваат брчки. Освен тоа, витамините А и Ц се, како што велат експертите, еден вид одбрана на клетките од слободните радикали, бидејќи се антиоксиданти, пишува „BBCgoodfood“.
3. Корисно за очите и нервниот систем
Тиквата е исклучително богата со витамин А, кој е важен за доброто функционирање на очите, особено на мрежницата. Благодарение на бета-каротинот е моќен антиоксиданс и го штити окото од катаракта.
И семките имаат хранливи својства, содржат 20 проценти од најквалитетните протеини, многу влакна кои ја регулираат работата на органите за варење, а се добар извор на калиум, минерал кој го враќа балансот на течности во организмот и помага нервниот систем работи подобро.