3 работи кои ги прави мажот, а кои се доказ дека тој е вистинскиот партнер за вас

popara9 мај, 20221min00
pomirenje-ljubav-veza-zagrljaj-830x0

Атрактивниот изглед, карактерот и висината често се критериумите што многу жени ги бараат за емотивна врска со потенцијалниот сопруг. Сето ова можеби е важно, но не и пресудно.

Според експертите за врски, постојат три работи кои јасно ви покажуваат дека мажот со кој сте сега е достоен за вашата љубов.

1. Начинот на кој се однесува со вашите родители

Една од поважните работи е начинот на кој се однесува со вашите родители. Ако мажот веќе почнал да ви ги нарекува родителите „мама“ и „тато“ кога разговара со вас, тоа значи дека ги прифатил со целото свое срце.

Ако ги почитува и не му пречи вашата блискост со нив, тој покажува дека нема проблем да се вклопи во постоечките семејни односи. Ако, пак, секогаш се грижи за нешто што ќе ви кажат родителите, тогаш нешто не е во ред и треба што поскоро да го решите. Зошто? Ако мажот не ги почитува вашите родители, големи се шансите и вие да станете жртва на неговото себично однесување во иднина.

2. Ги поддржува вашите желби и цели

Под овие желби не мислиме на чантата што ја посакувате долги години или на романтично патување. Едноставно се работи за работите што ги сакате во животот, како што е да поминувате повеќе време со него. Ако ги почитува вашите желби и ако се врати дома рано само затоа што едвај чекате да разговарате со него, тоа ја покажува неговата грижа и наклонетост кон вас.

Доколку ве поддржува во вашите амбиции и цели и ви помага на патот кон нивно остварување, ќе бидете сигурни дека сте нашле некој кој ќе може да ве поддржи во животот.

3. Ве мотивира да станете подобра верзија од себе

Постои тенка линија помеѓу мотивирањето да се подобрите и пронаоѓањето на недостатоци – не мешајте ги двете. Ако партнерот ви каже дека треба, на пример, да пиете повеќе вода и да се грижите за себе, тоа не значи дека губи интерес за вас – тоа е одраз на неговата грижа и љубов.

Ако ве мотивира да одите на работа или да го правите она што го сакате, знајте дека тој е „вистинскиот“. Ако видите и слушнете во неговите разговори дека иднината ја гледа со вас, бидете сигурни дека нема лесно да ве остави.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma