Класичните чоколадни колачи се меѓу омилените десерти ширум светот, а најчесто овој мек кафен бисквит се подготвува со помош на бело брашно. Сепак, не мора секогаш да биде така, бидејќи има се повеќе брзи рецепти за чоколадни колачи без оваа состојка.
Состојки:
6-8 големи јајца
230 грама путер
450 грама темно чоколадо за готвење
Подготовка:
Јајцата изматете ги со миксер на најголема брзина и матете најмалку пет минути.
Чоколадото искршете го на парчиња и растопете го со путерот со постојано мешање.
Потоа додадете ги јајцата и продолжете побавно да мешате.
Истурете во калап претходно обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени најмалку половина час.
Кога ќе се излади, украсете по желба – сезонско овошје, рендано чоколадо, кокосово брашно, па ставете го во фрижидер да се излади.