Познатата дизајнерка на венчаници чии креации ги обожаваат ѕвездите, Вера Ванг, се приближува до својот 73-ти роденден, а со својот моден израз и перспектива им пркоси на сите стереотипи за тоа како треба да изгледаат седумдесеттите.
Во неодамнешното интервју за Би-Би-Си, таа призна дека е изненадена од позитивните коментари на нејзините фотографии на социјалните мрежи на кои позира во спортски топ и дека ѝ е драго што слуша комплименти.
Но, таа истакнува дека никогаш не вложила посебен напор да ја зачува младоста, иако навела три „тајни“ како клучни за да се чувствува и да изгледа младо што е можно подолго:
Сoн
„Една од работите што исклучително ја ценам е спиењето“, рече Вера Ванг, потврдувајќи го она што долго време го знаеме – спиењето е неопходно за обновување на телото и младешки изглед.
Коктел со вотка
За разлика од многу други ѕвезди кои се колнат во важноста на хидратацијата и големите количини вода, Вера Ванг има поинаква формула: „Коктел со вотка на крајот од денот ми помага да се префрлам од интензивно деловно расположение на приватно, опуштено“.
Работа
„Бизнисот е магичен еликсир затоа што го окупира вашиот ум, а кога мислите ви се преокупирани, следува се останато“.
Вера Ванг признава дека се среќава со ageism, и тоа не само во зрелоста: „Ејџизмот постои на секоја возраст. Гледам кај децата, кај моето кумче – „Зошто не можам да го носам тоа? Зошто не можам да одам со тебе?’ Тоа го гледам и кај моите ќерки, кои велат дека се премногу мали за да бидат извршен директор, дека немаат доволно искуство. Ејџизмот не следи цел живот. А потоа како што стареете, треба да ја најдете својата цел, надеж, среќа и желба да го поминете остатокот од животот. Годините се само бројка. Треба да се стремиме да растеме и да се развиваме секој ден. И затоа сметам дека стареењето е толку застарено“.