3 теории на Фројд за љубовта: „Во партнерите несвено ги бараме мајките и татковците“

popara23 јануари, 20221min00
shutterstock502740103-830x0

Зигмунд Фројд е еден од најважните психијатри во светот. И додека речиси целиот свој работен век го поминал занимавајќи се со хипотезата за човековата природа, како и со трите фактори на човековата психологија, Ид, Его и Суперего, неговите хипотези за улогата на љубовта и интимноста во човечкиот живот се незаменливи.

Фројд знаел дека љубовта, интимните врски, фантазиите, па дури и амбивалентноста се дел од свесниот, но и несвесниот дел од нашето битие.

Преку психоаналитичкиот метод, Фројд дошол до заклучок дека различните облици на љубов што тој ги набљудувал се поврзани едни со други и споделуваат заеднички корени во искуствата од детството. Во тоа особено му биле корисни набљудувањата за љубовта што ја добивал преку анализата на трансферите, односно пренесувањето на чувствата од важни луѓе од детството на терапевтот.

Иако набљудувањата на Фројд за природата и генезата на љубовта биле револуционерни, тој не направил сеопфатна теорија за љубовта. Всушност, можеме да кажеме дека Фројд создал три различни теории за љубовта.

1. Првата теорија

Првата теорија за љубовта на Фројд е содржана во „Три есеи за теоријата на сексуалноста“. Тоа е добро позната теорија за љубовта како повторно откривање, што е можеби најголемиот придонес на Фројд во разбирањето на љубовта. Според тоа гледиште, љубовта е чин на повторно откривање затоа што саканата личност несвесно претставува едипов родител.

– Во љубовта инхерентно е тоа што е конфликтна затоа што мора да ја евоцира сликата на родителите за да генерира страст, но таа врска мора да остане несвесна за сексуалноста да не биде инхибирана од табуто на инцестот. Среќната љубов ја евоцира идејата за родители без да го прекрши табуто на инцестот – наведува Фројд во својата теорија.

Според Фројд, луѓето несвесно бараат и наоѓаат партнери кои по некои карактеристики имаат сличности со нивниот родител од спротивниот пол.

2. Втората теорија

Втората теорија за љубовта на Фројд е содржана во написот „За нарцизмот“. На претходната идеја дека љубовта е повторно откривање на едипскиот родител, Фројд додал дека саканата личност може да претставува и идеализиран аспект од себе.

Изворот на заљубеноста често е нашиот поглед на идеалното јас во друг. Тој го има она што ние би сакале да бидеме.

3. Третата теорија

Бергман ја нашол третата теорија на Фројд за љубовта вградена во „Инстинктите и нивните промени“. Во тој напис, Фројд ја дефинирал љубовта како „став на егото“, кој се одредува според улогата на саканото суштество во задоволувањето на сите потреби на личноста, не само на интимните.

Тоа е многу покомплексен поглед на љубовта од претходните теоретски ставови. Повеќе се работи за трајна љубов отколку за заљубување. Третата теорија на Фројд сугерира дека зрело его е предуслов за љубов.

Во оваа теорија за љубовта, Фројд почнува да ја гледа љубовта како емоција, а не како сублимација на инстинктот. Така, предметот на љубовта станува единствен, не лесно заменлив како предмет на инстинкт.

Како последица на тоа, заклучокот на Фројд е дека љубовта е повеќе од инстинкт, дека тоталното его е вклучено во љубовта на неговите предмети. Иако во љубовта може да дојде до повторување на врската со родителите, или гледање на идеалното јас во саканата личност, тоа не е се. Може да има и вистинска врска со саканата личност, која не е само пренос на чувства од родителите или проекција на идеалното јас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma