Една корисничка од Тик Ток, Кристин Бузан, открила трикови за совршен изглед на фотографиите на Кејт Мидлтон.
Таа ja проучувала и дошла до заклучок дека војвотката изгледа совршено на секоја фотографија бидејќи користи мали тајни кои камерата ги сака.
1. Не гледа директно во камерата
Првиот трик на Кејт е никогаш да не гледа директно во камерата.
Наместо тоа, нејзиното тело е секогаш свртено кон камерата, но нејзиниот поглед е насочен на другата страна, пренесува The Sun.
2. Ангажирани раце
Другиот трик е што рацете и се секогаш зафатени. Ова е и најважниот трик бидејќи повеќето луѓе, кога се работи за сликање, не знаат како да ги наместат рацете, па најчесто завршуваат потпрени на колковите.
Кејт обично држи букет цвеќе, чадор или чанта во рацете.
3. Седење
Како што седи, Кејт ги поставува нозете така што тие се свиткани една до друга. Нејзините раменици се подигнати, колената споени, а нозете благо наведнати на страна.