3 ФРИЗУРИ КОИ ЌЕ ЈА ОДБЕЛЕЖАТ 2022 ГОДИНА: Женствени, практични и одлично им стојат на сите!

popara2 јануари, 20221min00
262653_devojka_ls

Следната година ќе биде многу интересна кога станува збор за стилизирање на косата, велат фризерите. Доминираат фризури кои лесно се прават, тие се многу практични, а најдобро од се е што на сите им стојат одлично, без разлика на обликот на лицето.

Што се однесува до бојата на косата, сите нијанси на црвено ќе бидат многу популарни. Ако сакате да бидете во центарот на вниманието, тогаш црвената е токму за вас.

А еве кои фризури ќе доминираат:

Боб инспириран од серијата „Сексот и градот“

Во серијата се појавува и нов лик, Лиза Тод Виксли, која ќе им се придружи на Кери, Миранда и Шарлот, а веќе по премиерните епизоди останува запаметена по нејзината генијална фризура.

Лиза ја толкува Никол Ери Паркер, а во „And Just Like That“ се појави со брановиден боб, а експертите веќе велат дека ваквата фризура е одличен избор за 2022 година и предвидуваат голема популарност.

Nikol Eri Parker, Seks i Grad

Бохо фризури и плетенки

Бохо стилот е многу популарен во последните неколку сезони кога е во прашање стилизирањето на косата, но и гардеробата. Плетенките ќе бидат во тренд и во текот на 2022 година, а ваше е да ги изберете оние кои најмногу одговараат на вашиот стил.

Чекор коса и додатоци

Постепено шишаната коса е класика која одговара на сите, но оваа година таа ќе биде „збогатена“ со додатоци. Големи шноли, панделки, панделки, се е дозволено. Правилото е, колку е поголемо и пооригинално, толку подобро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma