3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ОВАА НЕДЕЛА ЌЕ МИАТ НИЗ ПЕКОЛ: Се мразат себеси, се расправаат со цел свет и драматизираат за сѐ!

popara18 јули, 20221min00
HOROSKOP

Еве кои три хороскопски знаци ја немаат наклонетоста на ѕвездите од 18 до 24 јули!

 

 

 

Рак

Немате енергија оваа недела, се чувствувате како да сте невидливи и како никој да не ве сфаќа сериозно. Или уште полошо, како никој не забележува дека сте таму. Се разбира, навистина не е така, но тоа не го менува фактот дека така се чувствувате.

 

Можно е да претерате со некои настани во љубовниот живот или да драматизирате за вашиот изглед. Ќе сакате да бидете сами оваа недела бидејќи едноставно не се чувствувате како да сте добро друштво во моментов.

 

Најверните пријатели се со вас, подготвени да ве поддржат, но вие не сте подготвени да се отворите и да им верувате. Треба да го надминете сето она што ве мачи и како што неделата се приближува кон крајот, така ќе бидете подобри.

 

Девица

Оваа недела сте прилично збунети бидејќи понекогаш се чувствувате беспомошно, а понекогаш сте исплашени. Во исто време, многу сте неодлучни кога е љубовта во прашање, но и лути. Секако, не сте најдобро расположени, да се преиспитувате себеси и да се чувствувате прилично безвредно.

 

Не ви се допаѓа сопствениот одраз во огледалото иако никогаш не сте изгледале подобро, но не се работи за тоа, туку за вашето однесување и став. Бидете внимателни, имате тенденција да ги „вадите“ своите фрустрации на луѓето што ги сакате.

 

Обидете се да извлечете поуки од сè што ви се случува оваа недела.

 

Риби

Многу е можно да кажете или да направите нешто за што горко ќе зажалите, а најверојатно е насочено кон вашето семејство. По одредени зборови ќе почувствувате олеснување, но и грижа на совест, иако гордоста нема да ви дозволи да се извините без разлика што некого повредивте со зборовите.

 

Клучната поента е дека вашето лошо расположение и започнувањето кавги со другите всушност го крие вашето незадоволство од себе. Оваа недела ќе мора да се соочите со реалноста, но и со себе, а откако ќе го направите тоа лесно ќе ги решите сите проблеми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma