4 здравствени придобивки од калинката: „Овошјето на боговите“ изобилува со витамини и минерали

popara18 ноември, 20221min00
pomegranate-749281920-830x0

Калинката е едно од најздравите овошја

Калинката доаѓа од Персија и популарно се нарекува „плод на боговите“. Ова овошје е меѓу најздравите бидејќи е богато со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси кои штитат од многу болести.

Малите розови семки во калинката се јадливиот дел од плодот, и иако одвојувањето на внатрешниот дел на плодот може да биде макотрпно, нутритивниот профил и вкусот на калинката апсолутно вреди да се вложи труд.

Според „Eatingwell“, калинката има голем број здравствени придобивки, а ова се првите четири.

  1. Добра е за срцето

Влакната кои се наоѓаат во семките од калинка се поврзани со здравјето на срцето. Според една студија од 2021 година во „Current Cardiology Reports“, луѓето со најголем внес на влакна имале значително намален ризик од кардиоваскуларни болести. Експертите велат дека ова намалување се должи на способноста на влакната да го намалуваат лошиот холестерол, да го намалат крвниот притисок и воспаленијата.

  1. Одлична е за варењето

Диететските влакна во калинката се моќни „мотори“ за варење на храната. Внесувањето доволно влакна помага да се подобри варењето и да се спречи запек. Едно нешто што треба да се забележи е дека ќе добиете влакна само ако јадете семки од калинка, а не ако пиете сок од истата.

  1. Помага во намалување на крвниот притисок

Сокот од калинка содржи различни видови на антиоксиданси и полифеноли кои позитивно влијаат на кардиоваскуларното здравје. Истражувањата покажаа дека консумирањето на овој сок две недели го намалува крвниот притисок.

  1. Богата е со антиоксиданси

Антиоксидансите се соединенија кои помагаат во заштитата на клетките на нашето тело од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Слободните радикали се секогаш присутни во нашето тело, но нивното прекумерно присуство може да биде штетно и да придонесе за бројни хронични заболувања.

Калинката е богата со антиоксиданси и полифенолни соединенија кои обезбедуваат заштита од оваа штета. Главните биоактивни соединенија со антиоксидантна активност кои се наоѓаат во калинката се нарекуваат пуникалагини, антоцијани и хидролизирани танини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma