Речиси секоја врска започнува со таканаречената фаза на меден месец. Во оваа фаза имате пеперутки во стомакот кога ќе го видите партнерот, ќе уживате додека го слушате, ќе се сеќавате на секој детал и ќе планирате светла иднина.
Но, по неколку месеци, или за некои среќни парови неколку години – таа возбуда исчезнува. Понекогаш може да се чувствувате досадно во врската и да се прашувате дали вашиот партнер го чувствува истото.
Овие четири знаци укажуваат дека на партнерот му е досадно со вас.
- Вие го иницирате секој разговор
Љубовниот терапевт Џастин Ларку вели дека едностраната комуникација е апсолутен неуспех.
– Можеби верувате дека водите разговори со вашиот партнер; сепак, вие сте тие што ги започнуваат сите приказни. Ако мислите дека ова може да биде вашиот случај, престанете да ги иницирате овие разговори и видете дали вашиот партнер ќе се потруди самиот да ги иницира – советува тој.
- Секогаш се на телефон
– Доколку гледате филм заедно или разговарате за нешто, а вашиот партнер гледа во телефонот, знајте дека не е емотивно присутен – нагласува експертот за зависности Кали Естест.
За да го решите проблемот, Естес предлага активности кои овозможуваат и двајцата да бидете емотивно присутни.
– Тоа може да биде играње игри, играње карти, шах или одење на прошетка и оставање на телефонот дома – вели таа.
- Лесно се иритираат
Сите ние од време на време се фрустрираме со нашите партнери. Можеби заборавиле да го извадат ѓубрето или да ги свиткаат алиштата, но ако вашиот партнер се фрустрира поради тривијални прашања, тоа може да биде знак дека им е здодевно, пренесува MSN.
– Кога некој ни е досаден, креваме ѕидови и ја намалуваме емпатијата – вели терапевтот Џејсон Тума и предлага отворено да разговарате со партнерот и да се обидете да ги решите проблемите на најбезболен начин.
- И вам ви е досадно
– Често она што го чувствува една личност е слично на она што го чувствува партнерот, иако тоа може да се покаже на различни начини во врската – вели терапевтот Хајди Мекбејн.
Така, на едниот партнер можеби му е досадно, па почесто излегуваат со пријателите за да избегнат конфликти, додека другиот останува дома и размислува зошто му е досадно во врската и што треба да се промени.
– Признајте дека не се чувствувате убаво. Одете некаде заедно, пријавете се за вајање, танцување…, и обидете се да го разбудите креативниот оган – заклучува таа.