4 знаци кои покажуваат дека треба да ја напуштите врската: Еден е сигурен показател!

popara19 април, 20221min00
shutterstock1707093568-830x0 (3)

Има јасни знаци дека треба да ја прекинете емотивната врска наместо да се држите за неа. Често сме преокупирани со тоа како сè треба да изгледа, па не можеме да го видиме она што е очигледно.

Наместо тоа, ги игнорираме сигналите за нездрава врска, ги третираме врските како обврска и продолжуваме по патот кој само ќе не доведе до уште поголемо незадоволство.

Ако чувствувате дека нешто не е во ред, но навистина не можете да му верувате на вашето внатрешно чувство, обрнете внимание на овие четири знаци кои укажуваат дека можеби е време да продолжите понатаму.

1. Сè е интензивно

Многу врски се емотивно исцрпувачки, но тоа не треба да биде постојана состојба. Она што обично е знак за емоционална нестабилност често се меша со страста, романтиката и ревноста на моментот. Тие работи се добри во врската од време на време, но ако тоа го чувствувате во негативен контекст секој ден, тогаш веројатно е време да се откажете од таа врска и да се одморите.

2. Врската е исполнета со досада

Ако вашиот заеднички живот стана досаден и рутински, можеби е време да се преиспитате. Врската може да се спаси од монотонијата, но само ако двете страни се спремни да работат напорно. Не можете да бидете единствениот кој прави планови за излегување и иницира спонтани интимни моменти. Ако доволно гласно сте кажале што сакате и сте барале од партнерот да вложи повеќе труд, а сепак не ја гледате промената, тогаш тоа е затоа што тој не ја сака. Во тој случај – вие заслужувате подобро.

3. Манипулирате за да го добиете она што го сакате

Ова е сигурен знак дека е време да се збогувате. Понекогаш сме заробени во замката на нашата идеја за тоа како треба да изгледа совршена врска и забораваме да се фокусираме на она што го имаме. Ако се најдете дека лажете, извртувате зборови или се преправате дека сте повредени, се со цел да го привлечете вниманието на партнерот, тогаш време е да се повлечете.

Обидете се да бидете искрени и да разберете дали сте задоволни со партнерот и врската во која се наоѓате. Имајте на ум дека колку повеќе се обидувате да ја контролирате ситуацијата, толку помалку ќе бидете среќни.

4. Љубовта ја добивате само ако ја барате

Доколку сте во ситуација кога често го убедувате партнерот дека е добар со вас и дека треба да поминувате повеќе време заедно, тоа е уште еден јасен показател дека вашата врска е во криза. Ако наједноставните работи, како што е заедничкото гледање филм, се борба, тогаш веројатно е време да се откажете.

Наместо да се молите за љубовта што ја сакате, свртете се кон себе и излезете од таа врска. Продолжувањето на врската само ќе ве спречи вас и вашиот партнер да најдете некој со кој би биле посреќни и со двајцата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag