4 МУДРИ ТРИКОВИ на искусните домаќинки за чистење на бањата

popara25 јули, 20221min00
Screenshot_14

Чистењето на бањата не е ничија омилена домашна активност

 

 

 

Ова се задолжителни предмети кои секоја домаќинка ги има на списокот кога ја чисти бањата, но и највалканите места каде се таложат бактерии и мувла.

 

 

Валкана завеса за када

 

Чистењето на завесите може да биде комплицирано бидејќи се големи и тешки, особено во летниот период кога мувлата брзо се наталожува. Сепак, постои решение кое е брзо, едноставно и евтино. Истурете околу 4 литри вода и половина чаша сода бикарбона во пластична кофа. Со помош на гумени ракавици натопете сунѓер со оваа смеса, а потоа исчистете ја завесата и мувлата. Исплакнете со вода.

 

Бигор на чешмите и тушевите

 

Заштедете време и пари правејќи паста од еднакви делови сода бикарбона и сок од лимон. Користејќи стара четка, нанесете ја пастата на славините затемнети со бигор и други метални делови. Оставете да отстои неколку минути, а потоа исчистете со крпа. Ќе блеснат како нови.

 

Заматени огледала

 

Чистењето на огледалото и стаклото на туш кабината е најмалиот проблем со неколку состојки кои може да се најдат во секое домаќинство, оцет, сода бикарбона и сол. Испрскајте ги стаклата со оцет и оставете да отстои неколку минути. После тоа, направете паста од еднакви количини сода бикарбона и сол. Нанесете на површините со помош на сунѓер. Исчистете и потоа исплакнете.

 

Налепници за бања

 

Наместо да ги уништувате плочките обидувајќи се да ги отстраните, внимателно оттргнете ги рабовите на налепниците со помош на ноктите или со пластична шпатула. Потоа попрскајте ги со добра доза омекнувач. Оставете неколку часа да се впие течноста. Ова ќе го ослабне лепилото и ќе ви овозможи да ги отстраните налепниците и закачалките.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma