
Комбинацијата на алкохол и одредени видови храна лошо влијае на желудникот и цревата, па може да доведат до сериозни стомачни проблеми. Наместо тоа, подобро е да јадете здрава храна како авокадо и овесна каша
Забавата во градот со пријателите или разните прослави најчесто се зачинети со поголема количина алкохол. Вообичаено е мислењето дека треба да се јаде мрсна храна пред да се консумираат алкохолни пијалоци за полесно да се толерира алкохолот.
Сепак, како што истакнуваат нутриционистите, тоа е сосема погрешно. Постојат комбинации на храна и алкохол кои се штетни за здравјето, особено за желудникот и цревата. Наместо тоа, подобро е да јадете поздрава храна како што е авокадото, кое содржи добри масти кои можат да ја забават апсорпцијата на алкохол.
Покрај тоа, можете да јадете омлет, овесна каша, пилешко на скара или боровинки.
Ви носиме 4 видови храна или пијалоци кои треба да ги избегнувате по секоја цена пред да консумирате алкохол.
- Пржена храна
- Зачинето јадење
- Чоколадо и газирани пијалоци
- Кафе