Иако точната причина за мигрената сè уште е непозната, експертите се согласуваат дека силните главоболки можат да бидат предизвикани од лековите што ги земате, ненадејните промени во ендокриниот систем и недостатокот на сон, меѓу другото.
Еден од „предизвикувачите“ за мигрена е храната, не само она што го јадете, туку и кога го јадете.
– Иако само храната ретко е причина за овие главоболки, таа би можела да се вклучи како „активатор“ за мигрена. Постојат различни докази дека одредена храна предизвикува мигрена, но може да има широк спектар на индивидуални одговори, вели професорот по неврологија д-р Ноа Розен.
Она што предизвикува болка кај вас може да биде многу различно од она што, на пример, предизвикува мигрена кај мајката или таткото.
– Дури и луѓето во исто семејство веројатно ќе ја делат истата генетска предиспозиција за мигрена, но тие можат да имаат различни „предизвикувачи“ – објаснува неврологот д-р Томас Бурк.
– Мигренските мозоци воопшто не сакаат промени, а избегнувањето или пропуштањето на оброк може да биде исто толку важно како и она што го јадете – додава д-р Розен.
Вашиот директен „активатор“ или тип на храна е тешко да се одреди, но еве неколку вообичаени причини:
1. Месни производи
Се верува дека нитритите или нитратите од саламата и другите месни производи можат да доведат до мигрена. Д-р Розен нагласува дека оваа храна е многу солена, што може да предизвика дехидрација.
2. Старо сирење
Старото сирење може да биде „активатор“ за мигрена поради високата содржина на тирамин. Тираминот е производ на аминокиселината тирозин и обично се формира во храна која е расипана, кисела, стара, чадена, ферментирана или маринирана.
3. Цитрус
Киселите плодови содржат многу киселина која влијае на pH нивото на крвта и ги зголемува шансите за напад на мигрена.
– Заедно со другите намирници со висок процент на киселина, цитрусот може да го иритира желудникот и да предизвика мигрена – вели д-р Розен.
4. Чоколадо
Можеби технички не е „активатор“, но потрошувачката може да укажува на мигрена.
„Може да се случи вашето тело да копнее за чоколадо пред мигрената, бидејќи кофеинот и антиоксидансите во чоколадото може да излечат некои од симптомите на мигрената“, вели д-р Бурк, додавајќи дека црното чоколадо е обично „виновникот“.