4 НАЧИНИ ДА НОСИТЕ ТОРБИ ОКОЛУ ПОЛОВИНАТА: Најубавите модни комбинации за урбан и лежерен изглед оваа есен

popara1 ноември, 20221min00
347798_pederusashutterstock-1516385336_ff

Торбата која се носи околу половината повеќе не е само минато – тоа е најактуелниот ретро тренд што го обожаваме!

Практичнa е за носење разни ситници кои можеби ќе ви бидат потребни во текот на денот, а во зависност од големината можете да ги ставите само најосновните работи во неa, но и да спакувате многу важни работи. Што е уште поважно, можете лесно да ja стилизирате со неколку различни облеки, кои се соодветни за моменталното време.

1. Покласична комбинација

Светло сива јакна и панталони, со бела маичка одоздола, некако секогаш лесно одеа заедно. Во оваа комбинација чантата се носи малку повисоко на струкот од напред, а кога на сето тоа ќе додадете црни очила за сонце – ја комплетиравте оваа поелегантна варијанта.

2. Спортска елеганција

Нешто помеѓу опуштено и елегантно, но сепак многу стилски. Овде преовладува црната боја. Малку поопуштени карирани панталони со сако со истиот дизајн, а спортски моменти се белите патики и црно-белиот ремен. Ако одите на овој стил, тогаш чантата не оди околу струкот, туку околу рамото, но СЕПАК се носи од напред.

3. Спортска елеганција на малку поинаков начин

Една варијанта со малку посветли тонови. Бела маичка со тробојна апликација, свилено плисирано здолниште и овој пат розова ташна околу струкот. Соодветна облека за лето, но и за деновите на топла есен.

4. Опуштена варијанта

Не се откажуваме од комбинацијата на сива и црна боја ниту во опуштеното издание. Да речеме, за прошетка, некое лежерно кафе или патување во природа. Овој пат малку подолга сива ролка, заедно со хеланки, патики и нов детал, капа. И во овој случај чантата се носи преку рамо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma