4 начини како да се смирите со партнерот по жестока расправија

popara2 април, 20221min00
Screenshot_1

Најважно е егото да се остави на страна

 

 

Сите понекогаш знаеме да бидеме непријатни, дури и на оние со „најмек“ темперамент понекогаш „им се темни пред очи“. Кавгите се составен дел од животот, но најважно е да го решите проблемот на цивилизиран начин и да продолжите понатаму.

 

Ако го сакате партнерот, сигурно ќе сакате што поскоро да се смирите со него. Најважното нешто што треба да го имате на ум е дека вашето его не треба да биде на прво место и дека светот нема да пропадне ако го направите првиот чекор кон помирување.

 

  1. Јавете му се на вашиот партнер

Ако вашиот партнер е сè уште лут по кавгата, наместо да ја продолжите кавгата, обидете се да разговарате смирено. Разберете ја причината за кавгата и не ги анализирајте премногу зборовите што сте ги кажале. Кажете му на вашиот партнер за вашиот став и внимавајте што има да каже. Ако не сакате да разговарате за тоа по телефон, во секој случај, договорете се да се сретнете кога двајцата ќе бидете смирени.

 

  1. Разговарајте за причината

Секој нека си го каже своето мислење. После тоа, обидете се да постигнете заедничко решение или да се согласите на компромис. Ако не можете да најдете решение, согласете се дека не можете да го најдете и продолжете понатаму.

 

Секако, не заборавајте дека, кога ќе продолжите, повеќе не го спомнувате тој проблем, бидејќи тој треба да остане во минатото, таму каде што припаѓа.

 

  1. Погледнете ја поголемата слика

Што би можело да се случи ако ѝ го кажам тоа? Дали сакам да ја поминам цела вечер во расправија или уживање со партнерот? Ако сфатите дека еден погрешен збор може да доведе до расправија, откажете се – може да изгубите драгоцено време поминато заедно.

 

Секогаш давајте приоритет на вашата врска, а не на недоразбирања или кавги за неважни работи.

 

  1. Покажете му на партнерот дека го сакате

Дури и ако не сте толку емотивни во врската, тоа не треба да ве спречи да ја покажете вашата наклонетост кон партнерот. Кога сте лути, можеби нема да се сеќавате или во тој момент не сакате да му кажете на партнерот колку го сакате. Не дозволувајте тоа да се случи.

 

Дури и ако сте лути, кажете му на партнерот дека го сакате, без разлика на сѐ. Секако дека треба да му оставите простор да се смири и да ја разбере ситуацијата, но погрижете се да знае дека е сакан и дека некој го чека.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma