Благиот шампон кој најчесто се користи за одржување на хигиената на скалпот на новороденчињата е добар сојузник во чистењето на покуќнината.
Дури и да немате деца, секогаш треба да имате шампон за бебиња во домот, бидејќи тој е одличен сојузник во чистењето, пишува „Newsbeast“.
Бебешкиот шампон може да биде корисен и за отстранување на нечистотијата од одредени предмети и за одржување на вашето лице чисто доколку имате здравствени проблеми со кожата.
- Миење
Ако шампонот за бебиња е доволно нежен за скалпот на бебето, тогаш е доволно нежен и за возрасната кожа.
Дерматолозите често препорачуваат луѓето со себореичен дерматитис да користат бебешки шампон за секојдневно миење.
- Чистење на четки за шминка
Валканите четки за шминка можат да бидат почва за бактерии. Со користење на четки кои не се чисти, ризикувате да добиете акни.
Според експертите од Американската академија за дерматологија, четките за шминкање треба да се мијат на секои седум до 10 дена со мешавина од вода и благ шампон. Измијте ги краевите на четките со шампон за бебиња, потоа добро исплакнете ги, исцедете ја вишокот вода и оставете ги да се исушат на фротирка или хартиено марамче.
- Чистење на кожни производи и мебел
Кожните предмети – од јакни, преку чанти и паричници до фотелји и поголеми парчиња мебел, не смеат да бидат изложени на агресивни средства за чистење. Затоа шампонот за бебиња е извонреден сојузник.
Истурете малку млака вода во сад, додадете неколку капки бебешки шампон, натопете памучна вата во овој раствор, исцедете ја и избришете ги кожните предмети со неа. Потоа исполирајте ги со сува памучна крпа.
- Чистење на накитот
Без разлика дали носите накит од благородни метали или бижутерија, со текот на времето ќе забележите како тој го изгубил својот сјај. За повторно да блесне, ставете го во сад наполнет со вода и малку бебешки шампон, па ставете го на шпорет да се зоврие течноста. Потоа тргнете го садот од шпоретот, извадете и исплакнете го накитот под ладна вода и избришете го со памучна крпа.
Уште еден начин да им дадете нов сјај на вашите омилени парчиња накит е да ги исчистите со четка за заби измешана со бебешки шампон и вода. Крајот на чистењето е ист како при потопување на накитот во раствор од вода и шампон за бебиња – накитот исплакнете го со ладна вода и добро исполирајте со памучна крпа.