Без разлика дали имате бакарна, костенлива или бордо нијанса, со сигурност знаете колку е тешка за одржување црвената боја на коса. Еве 5 совети како да ја одржите подолго.
Од Џиџи Хадид и Ким Кардашијан до Кендал Џенер и Зендаја – црвената е новата ИТ боја на коса што ќе ја видите насекаде во 2022 година.
Пред да одлучите да ја офарбате, важно е да се забележи дека црвената боја е многу тешка за одржување бидејќи е една од боите кои најбрзо се мијат. Затоа и е потребна посебна грижа, а во продолжение ќе научите 5 трикови за нејзиниот третман со цел да го зачувате интензитетот на бојата што подолго и поретко да се фарбате.
- Наместо често да ја миете косата, одлучете се за сув шампон
Фризерите постојано предупредуваа за негативните ефекти од прекумерното миење на бојадисаната коса. Ова особено важи за црвената коса – претераното шампонирање е главниот виновник за тоа што косата ја губи бојата и изгледа излитено. Веднаш по бојадисувањето на косата, избегнувајте да ја миете најмалку три дена за да спречите избледување.
Иако не можете вечно да го избегнувате шампонирањето, одлучете се за сув шампон за да ги продолжите интервалите помеѓу миењето на косата колку што е можно повеќе. Вистинскиот сув шампон ќе ја оживее вашата коса со впивање на вишокот маснотии и додавање волумен на коренот. Ако вообичаено ја миете косата секој ден, обидете се да го правите тоа барем секој втор, идеално трет ден.
- Користете шампон без сулфати
Во деновите кога треба да ја измиете косата, внимавајте шампонот што го користите да е наменет за бојадисана коса и да не содржи сулфати. Слично на тоа, побарајте шампони кои не содржат парабени и натриум хлорид. Грубите шампони можат да ги исушат прамените, предизвикувајќи бојата внатре да „истекува“ од косата. Едноставно кажано, колку е поприроден составот, толку подобро.
Исто така, кога миете прамени црвена коса, важно е да ја исплакнете со ладна или млака вода. Топлата вода ги отвора кутикулите на косата, овозможувајќи бојата лесно да се лизне.
- Размислете да се префрлите на регенератори за чистење од време на време
Ако сувиот шампон не е доволен, измијте се со т.н. регенератор за чистење, може да послужи како алтернатива за миење и ревитализација на косата. Како што сугерира името, регенераторот за чистење ја отстранува вишокот нечистотија и масло додека ги омекнува прамените. Идејата за користење на регенератор за чистење може да звучи контраинтуитивно, но благодарение на формулата без сулфати и детергент, овој нежен метод за чистење нема да ја олупи вашата коса толку многу како традиционалните шампони.
Еден недостаток е ризикот од акумулација на производот или мрсен ефект врз косата, поради што се препорачува да користите регенератор за чистење во комбинација со вашиот традиционален шампон. Сепак, се зависи од типот на косата, начинот на живот и климата. Исто така, избегнувајте балсами на база на силикон.
- Користете маски и масла за коса за да ги заштитите вашите прамени
Како и секое друго, бојадисувањето црвено може да ја направи вашата коса сува и кршлива. Покрај тоа што ќе создадете коса со сув изглед, таа со текот на времето ќе стане изветвена, па затоа е важно редовно да користите масла и хранливи маски.
Во текот на денот, оштетувањето од сонцето може да придонесе и за предвремено избледување и промена на бојата. УВ зраците на сонцето може да ги раскинат хемиските врски во боите, предизвикувајќи несакани портокалови тонови. Пред да излезете од дома, нанесете третман за коса кој ја штити од УВ зрачење.
- Намалете го обликувањето на косата со апарати засновани на екстремни температури
Како што топлата вода посилно ја испира бојата, така и употребата на топли алатки за стилизирање предизвикува предвремено избледување. Намалете го стилизирањето и пробајте различни начини за стилизирање на косата без топлина.