Членовите на кралското семејство се појавуваат на бројни друштвени настани, а со оглед на вниманието на јавноста што го привлекуваат, важно е секој аутфит да биде беспрекорен, а пред се да нема незгоди поради ветрот или аголот на снимање. Затоа, донесуваме неколку идеи кои лесно се применуваат за поважни настани кога треба да изгледаме „picture perfect“.
Clutch чантата има дополнителна функција
Покрај тоа што ги носи најважните предмети, малата клач чанта е совршено оружје за криење на деколтето, што принцезата Дијана добро го знаеше, па секогаш кога излегуваше од автомобилот, опкружена со папараци, ја држеше чантата на градите за да нема несакани фотографии.
Како да се зацврсти шапка?
Шапките се задолжителен моден додаток за многу членови на кралското семејство, а полесно е да ги држите на глава и покрај ветрот ако се прицврстени со чешел, трик кој често го користела принцезата Дијана.
Совршена пунџа
Кејт Мидлтон често ја става косата во пристојна пунџа за свечени прилики, а како таа останува неподвижна со часови, а војвотката никогаш не изгледа разбушавена? Тајната е невидлива мрежа за коса!
Поголем број на чевли
Трик кој многу познати жени го знаат и го практикуваат е да го носат еден број поголем за да спречат отечени стапала и плускавци по долгата вечер на стоење на високи потпетици.
Најлонки? Секогаш
Протоколот налага членовите на кралското семејство да носат најлонки, а за да не се лизгаат во салонките, Кејт Мидлтон најчесто ги носи со силиконски анти-лизгачки влошки. Одењето во високи чевли е поудобно со влошки кои се вметнати во чевлите.