Долгите фустани се практични за многу дами, бидејќи им ја решаваат маката на комбинирање парчиња. Тие самите се секогаш прекрасни, женствени и никогаш не излегуваат од мода.
Тие се носат во секое време од годината, а особено се популарни во пролетните и летните денови. Може да се комбинираат со балетанки, некои со рамни патики, а доколку со нив носите чевли на високи потпетици ќе ви дадат елегантен изглед.
Ви носиме пет модели на фустани кои ќе можете да ги носите оваа пролет и лето.
1. Ненадмината црно-бела боја со точки
Црно-белата комбинација е секогаш во мода, а точките се привлечни, особено во пролет и лето. Овој модел на фустан можете да го носите секој ден, а особено привлечно ќе изгледа со балетанки и црна чанта.
2. Во боја на јоргован
Нежно виолетов долг фустан во јоргован боја ќе ви даде романтична нота оваа пролет.
3. Сино со линии и карнери
Овој модел на долг фустан одлично оди со тексас јакна, но и со патики. Освен што е удобен и пријатен, во него ќе се чувствувате и многу женствено.
4. Асиметричен долг фустан
Секогаш интересен модел е еднобојниот, асиметричен долг фустан, кој е пократок напред, а подолг одзади. Со сандали со потпетици ќе изгледате совршено во него.
5. Кариран фустан
Дијамантот е еден од оние дезени кои најдобро изгледаат на фустаните. Долг фустан во ситни сини и бели дијаманти во комбинација со сандали и плетена чанта ќе ви даде луксузен изглед.