5 модели на фустани за секој ден: Во нив ќе изгледате како кралици на стилот

popara12 февруари, 20221min00
haljina-830x0 (1)

Фустанот е одраз на женственоста, а моделите кои можат да се користат како дел од зимската и есенската гардероба се секогаш добредојдени.

Ова парче облека никогаш не излегува од тренд, а неговата предност е што не треба да размислувате со што ќе го комбинирате.

Со добри чевли или чизми, едноставна јакна ако е потребно поради временските услови, секогаш ќе изгледате елегантно и стилски во фустанот.

Ви носиме пет модели на фустани за секој ден во кои ќе се чувствувате како кралица на стилот.

1. Едноставен еднобоен фустан

Секогаш е пожелно да го имате овој модел на фустан во гардеробата, а особено е привлечен во смарагдно зелената боја.

2. Кариран за секој ден

Карираниот фустан во поголеми коцки е вистинскиот избор за деловен стајлинг, но и за попладневно дружење на кафе.

3. Асиметричен модел

Асиметричниот модел на фустанот во две бои ќе и даде посебен изглед на вашата фигура. Предноста на овој фустан е материјалот од кој е скроен, па можете да го носите практично цела година.

4. Тексас фустан

Вечна класика меѓу фустаните е ненадминатиот тексас фустан, кој никогаш не излегува од мода.

5. Неприкосновено практичен

Доколку ви треба практичен фустан за секоја пригода, тогаш збогатете ја вашата гардероба со овој модел во црно-бело.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma