5 НАЧИНИ ДА ИЗБЕГНЕТЕ ТОПЕЊЕ И РАЗМАЧКУВАЊЕ НА ШМИНКАТА ВО ЛЕТО: Изгледајте беспрекорно дури и на високи температури

popara26 мај, 20221min00
jennifer-lopez-0369669438-2-

Овие трикови ќе ви помогнат да ја задржите шминката на место дури и при високи температури.

Дури и ако имате сува кожа, веројатно сте го забележале природниот „сјај“ што наеднаш го има вашата кожа штом температурите надминат 25 степени, а доколку сте се обиделе да се нашминкате, шминката веројатно „испарувала“ во текот на денот освен маскарата која се разлеала на капаците и под очите. Не грижете се, има решение за се!

  1. Помалку е повеќе

Можеби обичните денови не бараат „целосен мејкап“, но има и такви посебни прилики како свадби или излети на кои сакате да блеснете, но не од пот! Во тој случај, шминкерите препорачуваат да користите помалку производи – помали количини на серуми, хидратантни креми и други препарати кои вообичаено ги користите за да не се растекуваат на кожата.

Исто така, доколку сакате да покриете некои несовршености на кожата како мозолчиња, убоди од комарец или флеки, подобро е целно да користите коректор, отколку да го покриете целото лице со течна пудра.

  1. Начин на апликација

Доколку е неопходна подлога во форма на течна пудра, важно е како ја нанесувате. Наместо со прсти или со сунѓерче, подлогата нанесете ја со четка, размачкајќи ја со кружни движења, а поголема покривност можете да постигнете со нанесување во слоеви.

Друга опција, која помалку покрива, но ќе придонесе за ефект на изедначен тен, се тонираните креми – добра летна опција се оние со SPF фактор.

 OVA 3 BEAUTY SASTOJKA TREBA DA IZBEGAVATE U ŠIROKOM LUKU: Milica Bukumirović otkriva šta nam to isušuje i iritira kožu

  1. Водоотпорни маскари и тушеви

Иако веројатно нема да одите на плажа со „целосна шминка“, потењето и лачењето на себум во топлите и влажни денови често резултира со маскара насекаде, освен на трепките, а сенка во наборите на очните капаци. Од таа причина, одлична летна варијанта се водоотпорните маскари и тушевите кои се многу поотпорни на надворешни влијанија.

Што се однесува до сенките, избегнувајте кремасти текстури во текот на денот, а пред прашкастите сенки, на капаците можете да нанесете специјален прајмер, кој ќе ви помогне се да остане на своето место.

  1. „Blotting paper

Специјалните тенки хартиени марамчиња се одличен начин за апсорпција на вишокот маснотии и инстант начин за отстранување на несаканиот сјај. Можете да ги користите за време на нанесувањето на шминката, но и во текот на денот кога ќе почувствувате дека лицето почнува да сјае на места на кои дефинитивно не сте ставиле хајлајтер.

  1. Завршен допир

Спрејот за фиксирање или „setting spray“ ќе ја држи шминката цврсто на своето место, така што ќе биде уште потешко да ја извадите пред спиење. Иако честа ставка во многу упатства за шминкање, е т.н. пудра за фиксирање на целата шминка, подобра летна опција за оние исклучителни моменти кога е потребно да се држи се на своето место е овој спреј.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma