Симптомите на висок шеќер во крвта не се манифестираат веднаш, а самото нарушување се јавува во подолг временски период. Дијабетесот не се јавува преку ноќ и многу е важно редовно да се проверува дали сѐ е во ред.
Високиот шеќер во крвта може да има негативен ефект и врз нервниот систем, крвните садови и другите органи. Ако почувствувате некој од овие симптоми, тоа може да укаже дека вашата гликоза во крвта е нарушена.
- Постојана жед и често мокрење
Ова се случува кога клетките на панкреасот не можат да произведат доволно инсулин, па гликозата не може да влезе во клетките и останува неискористена и се акумулира во крвта. Тогаш бубрезите треба да работат побрзо за да можат да ја апсорбираат количината на гликоза. Интензивната работа на бубрезите автоматски предизвикува почесто мокрење. Поради сето ова може да почувствувате ненаситна жед и потреба постојано да одите во тоалет.
- Сува уста
Со зголемена екскреција на течности, вашето тело ќе се стреми да го врати потребното ниво на хидратација. Сувата уста е еден од најчестите знаци дека нивото на шеќер во крвта е нарушено.
- Зголемен глад
Причината за овој симптом е речиси иста како и претходната. Имено, кога не се произведува доволно инсулин и кога гликозата не може да влезе во клетките, тие остануваат без потребната супстанца која им дава енергија. Кога клетките ќе останат без гликоза, тие ќе испратат сигнал и вашето тело ќе се чувствува гладно.
- Замор
Тоа е тесно поврзано со претходниот симптом. Кога гликозата е спречена да влезе во клетката, ќе се чувствувате без енергија. Парадоксално, шеќерот му дава енергија на вашето тело, но само кога вашиот инсулин и панкреасот функционираат на балансиран начин.
- Проблеми со видот
Овде, проблемите со видот вклучуваат заматување, кое е главно краткотрајно. Хипергликемијата (друго име за висок шеќер во крвта) може да го оштети видот со текот на времето, бидејќи крвта не е во можност да стигне до малите капилари во очите поради неговата густина и крвниот состав предизвикани од високите концентрации на гликоза.
Овие и други симптоми како што се слаба меморија, крварење на непцата или дигестивни нарушувања може да бидат сериозни предупредувања за телото. Доколку ги почувствувате или забележите дека траат подолго, задолжително проверете ја вашата крвна слика.