Фризерите имаат предлог – 5 фризури за жени над 40 години, кои ќе им помогнат да изгледаат помладо.
Доколку сакате да изгледате помладо, деталот кој може да ви помогне е вашата коса. Фризурата е онаа која може да ги сокрие брчките, да ви ги нагласи очите, па дури и да ви го „затегне лицето“, односно да создаде таков впечаток. Избравме 5 фризури препорачани од фризерите за сите дами кои сакаат да изгледаат помладо со помош на косата…
- БОБ
Според експертите за коса, пократката коса автоматски ви дава посигурен и помладешки изглед. Модерниот боб ќе ви го врами лицето и ќе го привлече вниманието на вашите најдобри атрибути.
- БРАНОВИ
Додека правата коса без волумен може да придонесе за поуморен изглед, косата стилизирана во меки бранови ќе направи да изгледате порелаксирано. Брановидната коса е тренд од кој на жените изгледа никогаш нема да им здосади, особено кога знаеме дека лесно може да направи да изгледаме помладо.
- ШИШКИ
Супермоќта на шишките е што тие се најлесното решение за оние кои сакаат да ги сокријат брчките на челото. Секако, шишките со кои сакате да ги „симнете годините“ мора да бидат паметно потстрижани. Затоа мора да го контактирате вашиот фризер за помош. Едната опција се прави шишки, а другата шишки на страна. Во договор со фризерот, изберете ја најдобрата опција за вас.
- ДОЛГА КОСА КОЈА ГО ВРАМУВА ЛИЦЕТО
Ако сте меѓу оние кои не сакаат да се откажат од должината, тоа е сосема во ред. Нека вашиот фризер ви ја скрати косата така што прамените на косата ќе ви го врамат лицето.
Како тоа ќе се направи зависи од типот на косата, а најдобар одговор на тоа прашање ќе даде личноста која се грижи за вашата коса.
- ЛОБ
Фризурата која лесно ги допира рамената, по можност обликувана во нежни бранови, секако е една од оние што помагаат за постигнување на младешки изглед. Ако имате тенка коса, лобот е фризура која ќе и даде волумен.