5 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ЌЕ ЈА СРЕТНАТ СВОЈАТА СРОДНА ДУША ВО ФЕВРУАРИ! Венера од утре оди напред – проверете дали ѕвездите да бидат на ВАША СТРАНА

popara28 јануари, 20221min00
521460_2411037_f

Венера, планетата на љубовта, од утре ќе престане да биде ретроградна, па ќе донесе целосен пресврт на емотивен план.

Доколку сте имале впечаток дека се е на свое место во јануари, не сте згрешиле, бидејќи и Венера и Меркур се уште се ретроградни, па ги одложуваат плановите и состаноците.

Во февруари, Рибите, Јарците, Скорпиите, Биковите и Овните ќе имаат можност да се сретнат со своите сродни души.

РИБИ – Вам навистина ви е најлесно од сите хороскопски знаци! Јупитер, кој влезе во вашиот знак по 12 години, влијае на космосот да создаде добри можности на сите полиња. Венера во Јарец придонесува за тоа да може да ви се случи судбинска љубов од пријателство. Добро отворете ги очите во февруари!

ЈАРЕЦ – Венера, Марс и Плутон придонесуваат вашата љубов да стане главен центар на настаните до март. Не сте навикнати на тоа, но еднаш во животот треба да им се препуштите на емоциите.

СКОРПИЈА – Пред вас е возбудлив месец на нови познанства. Тоа ќе биде комбинација од љубов и страст, а на вас останува да уживате. Има личност во ваша близина, можеби дури и во соседството, со која ќе започнете романса.

ОВЕН – Љубовта ви се случува на работа. Тоа ќе биде комбинација од убаво и корисно. Всушност, суштината е дека личноста која ќе ја помести земјата под вашите нозе е некој кој е многу успешен.

БИК – Треба да ги промените стандардните навики и да отпатувате. Нема да верувате каков пресврт ве очекува на патувањето. Ѕвездите велат дека треба да се помрднете од вообичаеното место и да тргнете бидејќи ве чекаат нови познанства.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma