
Легендарната актерка, Оливија Њутн-Џон, трагично не напушти по триесетгодишна битка со ракот на дојката.
Нејзиниот колега и голем пријател, Џон Траволта, со кој глумеше во култниот филм „Брилијант“, се огласи на социјалните мрежи за да му покаже на светот колку тешко му падна нејзината смрт.

– „Најдрага моја Оливија, ги направи сите наши животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме на пат и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон!“ – напиша Џон Траволта покрај фотографијата на Оливија.
Во 1978 година, Оливија и Траволта играа во познатиот „Брилијант“ во режија на Рандал Клајзер. Таа беше Сенди Олсон, а тој Дени Зуко. Филмот постави стандарди на многу полиња и донесе бројни иконски сцени и реплики кои публиката сè уште не ги заборава, додека помладите генерации со задоволство го гледаат безвременскиот филмски хит од некои минати времиња.
Фотографијата која Џон ја објави во чест на Оливија, можете да ја погледнете ТУКА.