Откако станаа популарни во 2000-тите, овој пар чевли стана крал на секој удобен стајлинг. Да, погодивте, тоа се UGG чизмите. И оттогаш, секоја зимска сезона се враќаат во ново руво.
Фокусот и понатаму е на мини верзијата, која од минатата есен редовно ја гледаме на нозете на многу трендсетерки, а сега добија уште една надградба – платформа.
Без разлика дали ни се допаѓа дизајнот или не, оние кои ги носат тврдат дека ниту еден чевел не е потопол и поудобен од брусена кожна чизмичка со мека волнена постава. Својата голема популарност веројатно ја должат на тоа што се многу практични и топли.
Овој најнов модел со платформа од 5 сантиметри веќе го носеа многу познати дами како Бела Хадид и Елса Хоск, па не е чудно што буквално веднаш беа грабнати од полиците.
Овој модел на чизми е исто така многу популарен кај нас, а вие едноставно или ги сакате или ги мразите. Би се рекло дека многу дами нема да се откажат од својот пар ниту оваа зима, иако многу љубители на елеганцијата и класиката ги критикуваат, а мажите ги сметаат за најгрдите обувки досега.
Какво е вашето мислење за новиот модел кој се повеќе се бара во светот? Дали ќе ги додадете во вашата колекција на чизми за зима 2022 година или сè уште не сте придобиени?