Старлетата Ким Кардашијан беше мета на критики откако во јавноста се појави фотографија од нејзината куќа, поточно од собата на нејзината ќерка Норт.
На нејзините обожаватели им пречеше еден детал, тоа што во собата на малата Норт доминира само една боја, розовата.
Од ѕидовите до најситните детали, Ким избрала само една боја за својата сакана, што на многумина им изгледа досадно и несоодветно за мало дете.
И додека многумина веруваат дека Ким сакала да создаде „бајка“ за ќерка ѝ, многумина ја осудија.
„Ова е претерување, се е толку неприродно“, „Како и во се, така и во декорирањето секогаш претерува“, „Бајковито, но морничаво“, се само дел од коментарите.
Погледнете ја фотографијата од собата подолу:
North’s room – Vincent VanDuysen pic.twitter.com/cVPSzJZzxD
— Kim Kardashian (@KimKardashian) February 3, 2020