Панк баба, како што ја нарекуваа помладите генерации, кариерата како дизајнерка ја започнала сосема случајно. Таа беше една од најпознатите дизајнери во Велика Британија, секогаш екстравагантна, необична и без влакна на јазикот.
Вивиен Вествуд, почина вчера на 81-годишна возраст. Таа беше вистинска револуционерка во светот на модата, а инспирацијата ја нашла во историјата, секогаш останувајќи актуелна и провокативна. Самиот почеток на 90-тите ѝ донесе награди за најдобар британски дизајнер, што само ѝ дало уште поголем поттик да биде поинаква, поинтересна, но и попопуларна.
Покрај нејзиниот неверојатен шарм, талент и енергија, Вивиен засекогаш ќе остане запаметена по овие модни ремек-дела.
- Блејк Лајвли во 2016 година се појави на филмскиот фестивал во Кан во светло син фустан од споменатата дизајнерка, а целата креација била инспирирана од ликот на „Пепелашка“.
2. Во 2010 година, актерката Ен Хатавеј присуствуваше на премиерата на филмот „Алиса во земјата на чудата“ во кафена креација на Вивиен Вествуд.
3. Во 2011 година Кристина Хендрикс се појави на премиерата на филмот „I Don’t Know How She Does It“ во металик црвен фустан
4. Исто така, не треба да ја заборавиме и познатата венчаница на Сара Џесика Паркер во филмот „Сексот и градот“, која светот навистина ја запамети.