Следниве 6 знаци се сигурни показатели дека се наоѓате во лоша романтична врска, сакале да го признаете тоа или не. Тоа не значи дека веднаш треба да раскинете или да влезете во караница со партнерот, но сигурно ќе добиете поинаква перспектива имајќи ги предвид овие ситници.
Следниве 6 знаци се сигурни показатели дека се наоѓате во лоша романтична врска, сакале да го признаете тоа или не. Тоа не значи дека веднаш треба да раскинете или да влезете во караница со партнерот, но сигурно ќе добиете поинаква перспектива имајќи ги предвид овие ситници.
- ПАЗАРЕЊЕ
Постои разлика помеѓу здравите компромиси кои се одлика на секоја функционална врска и пазарењата. Доколку чуете: „Ќе имаме повеќе секс ако ослабеш 5 килограми“ или пак „Ќе живееме заедно откако ќе дипломираш, затоа што тогаш повеќе ќе те почитувам“, тогаш се работи за сигурен знак за недостиг на почит кон Вас.
- ПОСТОЈАНО КРИТИКУВАЊЕ
Ова е своевидна форма на пасивно насилство, затоа што може во голема мера да ги повреди чувствата на критикуваниот партнер. Во здраво партнерство, партнерите постојано се обидуваат да се подобрат меѓусебно преку интеракција, а не да се понижат.
- НЕДОВОЛНО ВНИМАНИЕ
Не треба да очекувате целиот свет на партнерот да се врти околу Вас. Никој не сака да биде центар на внимание 24 часа од секој ден. Но, исто толкав проблем стнаува и недоволното внимание. Запоставувањето на партнерот може да претставува индикатор за поголеми проблеми во врската.
- ВРСКИ СО СЕМЕЈСТВОТО
Ова е многу едноставно – доколку партнерот одбива да Ве запознае со семејството или го избегнува тоа по секоја цена, тогаш се двоуми за Вас како личност или пак за Вашата врска. Секако, може да се работи за склоп на околности и тоа да е привремено, па затоа треба добро да ја истражите ситуацијата пред да донесете заклучок.
- СПОРЕДБИ СО ПОРАНЕШНИТЕ ПАРТНЕРИ
Речиси и не постои човек кој не доживеал вакво сценарио. Доколку партнерот постојано Ве споредува со поранешниот партнер и укажува на нештата што биле подобри кај него, тогаш тоа можеби е знак дека таа љубов сè уште не е преболена. Но, внимавајте да не ги помешате споредбите со едноставното споделување на минати искуства.
- МАЛТРЕТИРАЊЕ
Ова е најсилниот знак дека сте заглавени во лоша врска. Малтретирањето може да има повеќе форми: физичко, психичко, вербално, сексуално (Ве присилува да правите нешта што не ги сакате или пак Ве уценува со секс), па дури и финансиско. Секое од овие сценарија е многу лошо, бидејќи малтретираниот најчесто не е свесен за тоа што му се случува, сè додека не стане предоцна.