6 ФЕМИНИСТИЧКИ ФИЛМОВИ КОИ ТРЕБА (ПОВТОРНО) ДА ГИ ГЛЕДАТЕ: Овие филмови ја слават женската сила!

popara15 март, 20221min00
Erin-Brockovich

Иако повеќето филмови кои доаѓаат од „фабриката за соништа“ на Холивуд се засновани на „машкиот поглед“, одвреме-навреме сè уште сме сведоци на постепена промена и навлегување во темите кои ја слават женската сила, издржливост и поврзаност.

Сите досега сме го гледале и обработиле „Телма и Луиз“, а ова се уште некои од класичните наслови што треба да се најдат на мотивационите watchlists.

Steel Magnolias (1989)

Доли Партон, Сали Филд, Џулија Робертс и Дерил Хана се само дел од познатите имиња во овој филм кој со генерации е симбол на женската солидарност и моќта на пријателството.

Erin Brockovich (2000)

Џулија Робертс го доби својот прв Оскар за улогата на Ерин Брокович, невработена самохрана мајка, која открива дека блискиот град е загаден со вода која ги труе жителите и тука започнува нејзината битка за правда. Оваа инспиративна приказна за упорна и решителна жена се заснова на вистински настани и најголемата отштета платена во американската историја.

Wild (2014)

Биографска драма продуцирана и интерпретирана со Рис Витерспун во главната улога. Се заснова на вистински настани, кога протагонистката тргнува на патување по патеката на Пацификот Крест низ пустината Мохаве во Јужна Калифорнија и за време на тоа физичко и духовно патување ги анализира причините што ја турнале во пеколот на самоуништувањето.

Hidden Figures (2017)

Овој филм ја следи вистинската приказна за трите црнки кои стојат зад раните подвизи на НАСА во вселенската трка. Кетрин Џонсон (Тараџи П. Хенсон) била математичар благодарение на чии пресметки биле успешни првите американски вселенски летови. Октавија Спенсер ја игра математичарот и компјутерски гениј Дороти Вон, а Џанел Моне ја глуми воздушната инженерка Мери Џексон.

On the Basis of Sex (2018)

Овој филм е заснован на вистинската приказна за судијката на Врховниот суд на САД, Рут Бејдер Гинсбург (позната како The Notorious RBG) и нејзиното патување до победата во револуционерниот даночен спор, и на крајот во Врховниот суд, со Фелисити Џонс во главната улога.

Little Women (2019)

Во режија на Грета Гервиг, оваа добро позната приказна на Луиза Меј Алкот за сестрите Џо, Ејми, Мег и Бет е сценарио на кое секогаш со задоволство се враќаме. Борбата за правата на жените и живот поинаков од вообичаениот мајсторски ја изведоа Ема Вотсон, Серша Ронан, Тимоти Шаламет и Мерил Стрип, меѓу другите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma