Карфиолот е исклучително здрав зеленчук, значаен извор на хранливи материи. Содржи уникатни хербални соединенија кои можат да го намалат ризикот од болести, а погоден е и за слабеење и диета.
Многу е лесно да се воведе во дневното мени.
Еве седум научно засновани здравствени придобивки од карфиолот.
1. Содржи многу хранливи материи
Нутритивниот профил на карфиолот е доста импресивен. Има многу малку калории, но изобилува со витамини. Всушност, карфиолот ги содржи речиси сите витамини и минерали што ви се потребни. Една порција карфиол, околу 130 грама, обезбедува влакна, витамини Ц, К и Б6, калиум, магнезиум, фосфор…
2. Богат е со растителни влакна
Карфиолот содржи голема количина на растителни влакна, кои се важни за здравјето на дигестивниот систем и можат да го намалат ризикот од неколку хронични болести. Влакната ги хранат здравите бактерии во цревата кои помагаат да се намалат воспаленијата, може да спречи запек, дивертикулитис и воспалителна болест на цревата.
Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со влакна е поврзана со помал ризик од неколку болести, вклучувајќи срцеви заболувања, рак и дијабетес. Влакната може да се користат и за превенција од дебелина, поради нивната способност да стимулираат ситост и да го намалат вкупниот внес на калории.
3. Добар извор на антиоксиданси
Карфиолот е одличен извор на антиоксиданси, кои ги штитат клетките од штетните слободни радикали и воспаленија. Слично на другите зеленчуци, карфиолот е особено богат со глукозинолати и изотиоцијанати, две групи антиоксиданси за кои е докажано дека го забавуваат растот на канцерогените клетки. Според Healthline, студиите покажале дека глукозинолатите и изотиоцијанати помагаат во заштитата од рак на дебелото црево, белите дробови, дојката и простатата.
Карфиолот содржи и каротеноидни и флавоноидни антиоксиданси, кои може да го намалат ризикот од неколку болести, вклучително и срцеви заболувања. А големите количини на витамин Ц содржани во овој зеленчук делуваат и како антиоксиданс.
4. Може да помогне при слабеење
Карфиолот има неколку својства кои можат да помогнат при слабеење. Прво, тој е нискокалоричен, само 25 калории по чаша, така што можете да јадете многу од него без да се здебелите. Може да послужи и како нискокалорична замена за висококалорична храна, како ориз и брашно. Како добар извор на влакна, карфиолот го успорува варењето и промовира ситост. Ова може автоматски да го намали бројот на калории што ги внесувате во текот на денот, што е важен фактор во управувањето со тежината. Високата содржина на вода е уште еден аспект на карфиолот кој фаворизира губење на тежината. Всушност, 92 отсто од неговата тежина е вода.
5. Богати со холин
Карфиолот е богат со холин, суштинска хранлива материја која им недостига на многу луѓе. Една чаша карфиол содржи 45 милиграми холин, што е околу 11 отсто од адекватниот внес за жените и осум отсто за мажите. Холин има неколку важни функции во телото – игра голема улога во одржувањето на интегритетот на клеточните мембрани, синтезата на ДНК и поддршката на метаболизмот. Исто така е вклучен во развојот на мозокот и производството на невротрансмитери кои се неопходни за здрав нервен систем.
Холинот помага да се спречи акумулација на холестерол во црниот дроб. Оние кои не консумираат доволно холин може да имаат поголем ризик од болести на црниот дроб и срцето, покрај невролошките нарушувања како што се деменција и Алцхајмерова болест. Нема многу храна која содржи холин. Карфиолот, заедно со брокулата, е еден од најдобрите растителни извори на оваа хранлива материја.
6. Богати со сулфорафан
Карфиолот содржи сулфорафан, за кој многу студии покажаа дека е особено корисен во потиснувањето на развојот на ракот преку инхибиција на ензимите вклучени во ракот и растот на туморот. Според некои студии, сулфорафан исто така може да има потенцијал да го запре растот на ракот со уништување на клетките кои се веќе оштетени.
Истражувањата покажуваат дека исто така може да помогне да се намали високиот крвен притисок и да се одржат артериите здрави – двата главни фактори за спречување на срцеви заболувања. Конечно, студиите за животни сугерираат дека сулфорафан може да игра улога во спречување на дијабетес и намалување на ризикот од компликации поврзани со дијабетес, како што е бубрежно заболување.
7. Ниско ниво на јаглехидрати, одлична алтернатива за житарките и мешунките
Карфиолот може да се користи како замена за житарици и мешунки во исхраната. Не само што ова е фантастичен начин да го зголемите внесот на зеленчук, туку е и особено корисен за оние кои следат диета со малку јаглени хидрати, бидејќи карфиолот е значително понизок во јаглехидрати од житарките и мешунките. На пример, една шолја карфиол содржи пет грама јаглени хидрати, додека една шолја ориз содржи девет пати повеќе, односно 45 грама јаглени хидрати.